Три милиони Британци сe за останување во ЕУ

Макфакс

22/03/2019

17:37

1.489

Големина на фонт

а а а

Бројот на потписници на петицијата, со која се повикува британската Влада да го повлече членот 50 за излез на Велика Британија од ЕУ, се искачи на три милиони. Официјалната страница на интернет вчера падна, откако рекорден број луѓе во исто време се обидуваа да ја потпишат петицијата.

Бројни славни личности и пратеници повикаа на потпишување на петицијата.

„Големи и важни прашања како брегзит не би требало да се сведат на петиција, но, ако сте фрустрирани, зошто премиерката Тереза Меј едноставно не слуша, тогаш потпишете ја петицијата“ напиша шкотската премиерка Никол Старџен.

Даунинг стрит соопшти дека премиерката Меј ќе ја занемари петицијата со објава дека нема да прифати повлекување на членот 50.

Претседателката на Долниот дом во парламентот, Андреа Леадсон рекла дека ако петицијата собере повеќе од 17,4 милиони гласови, тоа ќе биде јасен показател за акција.

Леадсон со тоа потсетува дека 17,4 милиони гласови или 52 отсто, колку што се изјаснија бирачи за брегзит на референдумот во 2016 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг