Вака расипнички се однесуваат младите Руси: Син на тајкун уринира врз 3000 долари, друг го потопува својот Ролекс во појадокот

Точка

22/03/2019

17:42

3.841

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа безобразното однесување на младите Руси. Еден од нив, наводно син на руски тајкун, е снимен како уринира врз 3000 долари, додека друг фрлил скапоцен Ролекс во чинија житарици и преку него истурил млеко.

Богатите деца од сите краеви често се фалат со своите раскошни животи на социјалните мрежи, а Русите се последните во низата кои покажале како уживаат во луксузот. 

Скапоцените пијалаци, бесните лимузини, парите и вредниот накит можат да се забележат на снимката која кружи низ социјалните мрежи.

Неименуваниот маж, за кој се претпоставува дека е син на руски тајкун, е снимен како уринира во лавабо во кое се наоѓаат американски долари со вкупна вредност од 3000 долари, пренесува “Daily Mail”.


Уште еден млад богаташ покажал како не се грижи многу за парите, кога преку скапоцениот Ролекс истурил житарици и млеко. Други се фотографирале со шишиња шампањ, во скапоцени лимузини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг