Брегзитот се одложува до 22 мај, доколку биде усвоен договорот

Макфакс

21/03/2019

20:17

840

Големина на фонт

а а а

Европската Унија ќе одобри одлагање на брегзитот до 22 мај, доколку британскиот Парламент во текот на следната недела го усвои Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, се наведува во нацрт-соопштението на 27-те земји членки, по денешниот самит во Брисел.

„Европската унија пред 29 март ќе прифати одлагање на брегзит до 22 мај, под услов Договорот за истапување да биде усвоен во британскиот Парламент следната недела“, се вели до текстот, пренесе „Ројтерс“.

Се додава дека одлагањето на брегзитот за по 22 мај е невозможно, поради фактот дека Велика Британија нема да учествува на европските избори, закажани кон крајот на мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг