Брамерц: Караџиќ направил ужасни злосторства и уништил цела држава

Макфакс

20/03/2019

18:22

1.254

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави главниот обвинител Серж Брамерц кога денеска Жалбениот совет го осуди Караџиќ на доживотна затворска казна.

„Тој ја злоупотребил својата политичка и воена власт, заедно со другите високи лидери, за да поведе незамислива кампања на злосторства, направил ужасни злосторства и уништил една држава. Караџиќ водел кампања на етничко масовно чистење, во која милиони луѓе биле раселени, десетина илјади биле убиени, а голем број обични, невини луѓе, биле силувани, мачени, принудени на сексуално ропство и други видови злосторства. Тој ја надлгедувал опсадата на Сараево, која траела три години, ширејќи терор во градот, со цел остварување на своите политички цели. Припадниците на мировните сили на Обединетите нации ги користел како заложници и како жив штит. А во Сребреница во 1995 година му се придружил на Ратко Младиќ и на други во протерувањето 30.000 жени, девојки и старици од своите домови, како и во убивањето илјада мажи и момчиња, босански муслимани.

Овој суд на ОН го осуди за неговите злосторства на казна доживотен затвор, со што испрати порака дека правдата може да го надвладее злото. Денес, жртвите на неговите злосторства, конечно, видоа како одговара за она што го направил.

Противниците на судот ќе тврдат дека оваа пресуда е пресуда против српскиот народ. Категорично го отфрлам тоа. Вината на Караџиќ е негова лична вина, а не вина на неговата заедница. Други ќе речат дека Караџиќ е херој и дека го бранел својот народ. Ова судење го докажа спротивното. Караџиќ во историјата ќе остане запишан како воен злосторник, кој е одговорен за ужасно човеково страдање“, рекол Брамерц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг