Хорнер го брани изборот на Гасли наместо Саинз

КРУГ.МК

20/03/2019

15:16

347

Големина на фонт

а а а

Кристијан Хорнер ја одбрани својата одлука да го промовира Пјер Гасли наместо Карлос Саинз во празното место кое го остави Даниел Рикардо во Ред Бул.

Минатата сезона Ред Бул беа во тешка позиција откако Рикардо најави дека ќе замине, а многу малку врвни возачи беа достапни како замена.

Хорнер смета дека неговата екипа ја донела правилната одлука при изборот на Гасли наместо Саинз поради потенцијалот кој го виделе во него. Саинз се тркаше за Рено минатата година, но премина во Мекларен во потрага да биде дел од најбрзиот тим во средината.

Хорнер сеуште ја подржува својата одлука при изборот на Гасли, но сепак го поздравува талентот на Саинз.

„КАРЛОС Е ТАЛЕНТИРАН ВОЗАЧ И ЈАС СУМ СРЕЌЕН ШТО ТОЈ ЈА ПРОДОЛЖУВА НЕГОВАТА КАРИЕРА ВО ФОРМУЛА 1 СО МЕКЛАРЕН, НО СМЕТАВМЕ ДЕКА ПЈЕР ИМА ПОВЕЌЕ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА НАС.

ГОДИНИТЕ НЕМААТ ВРСКА СО ТОА, ИАКО ВИСТИНА Е ДЕКА СЕ ЧУВСТВУВАМ СТАР, БИДЕЈЌИ ГОДИНИТЕ НА НАШИТЕ ВОЗАЧИ ЗАЕДНО НЕ СЕ ДОВОЛНО ЗА МОИТЕ, А СЕПАК СУМ ЕДЕН ОД НАЈМЛАДИТЕ ТИМСКИ ШЕФОВИ.

МАКС ВЕРСТАПЕН ВЕЌЕ ПОКАЖА ОДЛИЧНО НИВО НА ПЕРФОРМАНСИ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД 2018 ГОДИНА, ШТО Е ОДЛИЧЕН ЗНАК.

ПЈЕР, ВО МЕЃУВРЕМЕ, ИМА МНОГУ РАБОТА ПРЕД СЕБЕ, ГО УНАПРЕДИВМЕ САМО ПО ЕДНА ГОДИНА ВО ТОРО РОСО, МОЖЕБИ ПОРАНО ОД ОЧЕКУВАНОТО, НО ТОЈ ЈА ИМА ЦЕЛОСНАТА ПОДРШКА ОД ТИМОТ И БЕШЕ МНОГУ ДОБАР КАКО ДЕЛ ОД ЈУНИОРСКАТА ПРОГРАМА“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг