Ердоган пратил остра порака до Нов Зеланд: Ако не најдете начин да го казните терористот, ние ќе најдеме! Ќе плати тој за ова!

Точка

19/03/2019

21:31

5.815

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, ги повикал властите на Нов Зеланд повторно да воведат смртна казна во случајот со напаѓачот кој убил 50 луѓе во две џамии во Крајстчрч.

Тој во текот на митингот во северниот дел на Турција предупредил дека Анкара ќе го натера напаѓачот да плати за своите дела доколку тоа не го направи Нов Зеланд. 

Австралиецот Брентон Тарант е обвинет за убиствата во саботата, на 16-ти март, откако ден претходно пукал на верниците во текот на молитвата во две џамии.

"Монструозно уби 50 наши браќа и сестри. Ќе платиш за тоа. Доколку Нов Зеланд не те натера на тоа, ние знаеме како да ти наплатиме, на овој или оној начин", рекол Ердоган без образложение.

Ердоган нагласил дека Турција погрешила кога пред 15 години ја укинала смртната казна, и дека Нов Зеланд би требало да пронајде правно решение за напаѓачот од Крајстчрч да може да се осуди на смртна казна.

"Доколку парламентот на Нов Зеланд не донесе одлука, јас ќе го направам тоа што секогаш им го нагласувам. Мора да се преземе тоа што е неопходно", изјавил Ердоган.

Турскиот претседател во текот на митингот покажал снимка од нападот, како и дел од неговиот манифест.

Постапката на Ердоган ја критикувал министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, кој на турскиот колега Мевлут Чавушоглу му рекол дека прикажувањето на таа снимка би можело да ги загрози државјаните на Нов Зеланд во странство.

Ердоган тврди дека напаѓачот изрекол закани против Турција и турскиот претседател и дека сака да ги протера Турците од европскиот дел на земјата. Безбедносни извори во Турција изјавиле дека Тарант во 2016-та година два пати ја посетил оваа држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг