Пендаровски со граѓани, еснафи и дуќанџии во Скопје: Потребен е претседател кој обединува, подготвен сум да водам напред

Макфакс

19/03/2019

18:05

1.106

Големина на фонт

а а а

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска, се сретна со граѓаните на Скопје.

На средбите со граѓаните во центарот на Скопје, Пендаровски разговараше за претстојните претседателски избори и потребата од вистински претседател кој обединува и работи во интерес на граѓаните и државата.

Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, каде што заедничкиот кандидат разговараше со граѓани, дуќанџии, еснафи и пазарџии.

„Како држава, како општество, конечно, тргнавме напред и затоа потребно е заедно, со здружени сили, да го поддржиме напредокот, да го искористиме позитивниот момент и да продолжиме напред. Граѓаните заслужуваат претседател кој ќе биде претседател на сите, претседател што ќе биде над партиите и ќе биде достоен претставник на државата. Подготвен сум да водам напред, да бидам претседател на сите граѓани“, порача Пендаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг