Абитебул смета дека Рикардо треба да зајакне

КРУГ.МК

19/03/2019

18:01

534

Големина на фонт

а а а

Сирил Абитебул, шефот на Рено, смета дека на неговиот нов возач, Даниел Рикардо, ќе му треба “подебела кожа“ доколку сака да биде најдобар во средината од поредокот.

По трансферот нод Ред Бул во Рено, на Рикардо му е јасно дека му претстои огроман борба во средината од поредокот за да тимот го сочува своето ланско 4то место во поредокот.

На премиерната трка во Австралија, домашниот возач се квалификуваше на 12то место, на стартот проба да го мине Серхио Перез кој се придвижи во десно, истото го стори и Дани, но заврши крај патеката и удри во дел од системот за одвод на водата од асфалтот, кршејќи го предното крило.

„НЕ ГО ПОТЦЕНУВАМЕ ВООПШТО, НО КАКО ЕКИПА ОД СРЕДИНА НА ПОРЕДОКОТ НИЕ НЕ РАБОТИМЕ НА ИСТ НАЧИН КАКО И ВРВНА ЕКИПА. МОЖЕБИ ЌЕ ТРЕБА ДА ЗАЈАКНЕ, ДА РАЗВИЕ ПОДЕБЕЛА КОЖА И ДА ИМА ПОГОЛЕМО ТРПЕНИЕ НА СТАРТОТ. ЈАС НЕМАМ СОМНЕЖ И НЕ ПАНИЧАМ ЗАТОА ШТО ЗНАМ ДЕКА Е ИНТЕЛИГЕНТЕН ВОЗАЧ.

ВО БАХРЕИН ОДИМЕ НА МНОГУ ПОТРАДИЦИОНАЛНА ПАТЕКА КАДЕ ЌЕ ИМА МНОГУ ПОВЕЌЕ МЕСТО ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ НА СИТЕ СТРАНИ“, НАЈАВИ СИРИЛ.

Како резултат на штетата од стартот, Рикардо се повлече по 30-тина кругови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг