Исламската држава испрати морничава порака: Повикаа на одмазда за масакрот на муслиманите во Нов Зеланд, се подготвува крвопролевање

Точка

19/03/2019

15:16

4.455

Големина на фонт

а а а

Лидерот на терористичката организација на Исламската држава ги повика екстремистите и своите следбеници да се одмаздат после пукањето во џамиите во Нов Зеланд.

Еден од лидерите на терористите Абу Хасан ал Мухаџир наводно објави повик за своите следбеници во 44 минутна аудио-снимка.

Брентон Тарант, терористот во петокот убил 50 луѓе во две џамии во Нов Зеланд.


Ал Муџахир го прекина 6 месечното молчење за да повика на одмазда.

"Сцените од масакр во двете џамии треба да ги разбудат оние кои беа изневерени и треба да ги поттикне поддржувачите на калифатот да ја одмаздат својата религија", рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг