Мајки од Сребреница ќе присуствуваат на изрекувањето на пресудата за Караџиќ

Макфакс

19/03/2019

12:24

1.213

Големина на фонт

а а а

Мајки на жртвите во Сребреница утрово заминаа во Хаг за да присуствуваат на пресудата на Радован Караџиќ, објави порталот на сараевскиот „Аваз“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови го закажа изрекувањето на пресудата, по жалбата во предметот тужителите против Радован Караџиќ, во среда на 20 март.

Радован Караџиќ е обвинет по две точки за геноцид, пет точки за злосторства против човештвото и четири точки за кршење на законите и обичаите на војување извршени од страна на српските сили за време на вооружениот конфликт во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг