Австралиец издавал соба на Airbnb и го убил гостинот бидејќи немал доволно пари да плати, сега се соочува со 11 години затворска казна

Точка

19/03/2019

09:42

1.716

Големина на фонт

а а а

Австралиец кој нудел сместување преку страницата на Airbnb и кој во својата куќа во Мелбурн го убил гостинот бидејќи немал доволно пари да плати е осуден на 11 години затвор, пишува BBC.

Џејсон Колтон (42) на суд рекол дека не извршил убиство со предумисла кога во октомври 2017 година му го одзел животот на Рамис Џонуци. 

Го држеле додека тој го давел

Раскажа дека двајца соседи го држеле 36 годишниот маж додека тој го тепал и давел, бидејќи не платил 210 австралиски долари. Имено, Колтон објасни на суд дека не сакал да го убие или сериозно повреди Џонуци, туку само сакал да го онесвести.


Според информациите од австралиските медиуми, Рамис бил ѕидар, кој изнајмил соба со пристапна цена во Брајтон Ист со цел да се ослободи од "лични проблеми".

Првично од Колтон и неговите соседи изнајмил соба за три ноќевања, но потоа побарал продолжување на престојот на една недела по цена од 210 австралиски долари. Меѓутоа, кога требало да оди и да плати, имал 10 долари помалку.

Го нарекол гад и ѓубре

Судијката Елизабет Холингворт го опиша нападот како "кукавички". Му рекла на Колтон дека направил "брутален и едностран напад", а дека подоцна се обидел да се оправда и да го намали злосторството кое го направил.


"Дури и откако дознавте дека умре, го нарековте Рамис гад, ѓубре и наркоман. Рековте дека го заслужил тоа што го доби", додава судијката.

Компанијата Airbnb во соопштение наведе дека е ужасната со она што се случило и веднаш го отстрани огласот од својата страница.