Единствена Македонија: По промената на власта ќе почнеме постапка за амнестија на уставобранителите

Макфакс

16/03/2019

12:40

1.413

Големина на фонт

а а а

„По промената на власта ќе почнеме постапка за амнестија на неправедно осудените уставобранители кои влегоа во Собранието со силна верба за одбрана на уставниот поредок“, велат од Единствена Македонија преку соопштение, коментирајќи ги пресудите за настаните од 27-ми април.

Партијата на Јанко Бачев смета дека шамари, клоци, кршење на врати во Собранието во никој случај не можат да бидат причина за изрекување на казни од преку двеста години затвор и оттука, според нив, вчерашните пресуди се нарачани и однапред напишани за задоволување на личната суета на премиерот Зоран Заев.

„Странскиот измеќар Зоран Заев поради лична одмазда спрема одредени осудени лица продолжува да се поигрува со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од осудените за продолжување на процесот спрема организаторите за настанот од 27 април налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар – слобода за даден глас во Собранието“, велат од Единствнена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг