Одлични вести, какви што нашата планета заслужува: Научнците пронашле два вида за кои се мислело дека одамна изумреле

Точка

14/03/2019

09:57

3.862

Големина на фонт

а а а

Иако изгледа дека нашата планета оди во лоша насока без враќање, веста дека научниците пронашле два вида на животни за кои се мислело дека изумреле, ја враќа нашата верба.

Во последниот месец, научниците фотографирале два животински видови, за кои се сметало дека изумреле - џиновска желка од Фернандина и најголемата пчела на светот. 

На островот Фернандина на Галапагос, пронајден бил вид на џиновска желка за која се верувало дека изумрела пред повеќе од 100 години, пренесува "CNN".

Далечната 1906-та година била последен пат на тоа место да биде виден овој вид на желка, а сега повторно ја забележале членовите на експедицијата "Иницијатива за препород на џиновските желки".

Зоологот, Вашингтон Тапија, управник и лидер на овој тим, рекол дека ќе спроведе генетски тестови на стогдишната желка за да се потврди дека се работи за "изумрениот вид", џиновската желка од Фернандина.

Меѓутоа, ова не е крај на приказната. Научниците веруваат дека тоа не е осамен примерок, бидејќи забележале и мирис и траги специфични за тој вид, кои ги оставиле други единки.

Научниците ја однеле желката во истражувачки центар на островот Санта Круз. Џиновската желка од Фернандина е една од 14-те видови огромни желки од Галапагос. Повеќе од овие видови се загрозени, а овие животни биле убивани поради храна и масло.

"Ова откритие не поттикна да ја појачаме експедицијата за да пронајдеме други единки од истиот вид, што би ни овозможило да започнеме програма за развој во заробеништво за да го обновиме видот", рекол екологот и директор на Националниот парк Галапагос.

Покрај овие желки, научниците неодамна забележале уште еден вид за кој некое време се сметало дека исчезнал од планетата - најголемата пчела на светот.

Пчелата Мегачиле плуто е најголема пчела на светот. Голема е речиси како човечки палец, и до 4 центиметри. Последен пат била видена пред 40 години, во 1981-ва година, а ентомологот Адам Месер бил последниот човек што се сретнал со неа.

Но, во јануари истражувачкиот тим кој ја посетил Северна Молучка, повторно ја видел. Истражувачите ја забележале на дупка во дрво, каде направила гнездо. Сега кога пчелата е откриена, треба да се направи програм за заштита на тој вид.

Потребно е да се направи дополнително истражување за тоа колку пчели има на тоа место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг