Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри дека Зинедин Зидан не бил првата желба на Флорентино Перез за клупата на „Кралскиот клуб“.
Калдерон тврди дека Перез сакал да го врати Жозе Мурињо да ја продолжи работата која ја заврши во 2013-та година, но фудбалерите на Реал Мадрид биле против таа опција.
„Соблекувалната направи се за Мурињо да не се врати назад. Сите знаат каков Реал остави Мурињо зад себе – со многу проблеми, растурена атмосфера и нарушени односи. Искрено мислам дека враќањето на Мурињо ќе значеше неколку чекори наназад за Реал, најмногу поради проблемите и контроверзиите кои што доаѓаат во пакет со Португалецот“, изјави Калдерон и додаде:
„Немам дилеми дека Мурињо му беше прва опција на Перез. Му се јавуваше често во изминатите неколку месеци. Најпрвин му се јави кога Зидан си замина, а Мурињо тогаш беше тренер на Манчестер Јунајтед и му одговори дека тоа не е вистинскиот момент за негово враќање“, изјави Калдерон.