Како гром од ведро небо вчера одекна веста дека Зинедин Зидан ќе се врати во Реал Мадрид во обид да спречи продлабочување на кризата во тимот.
Французинот прифати договор до 2022 година, но пред тоа му поставил дури шест услови на Флорентино Перез кои мора да бидат исполнети.
Првиот и најважен бил, Зидан да има контрола над целиот тим без некој друг да му се меша во работите. Вториот услов бил поврзан со првиот, а Зидан барал самиот да избира кои играчи ќе ги продаде во летниот преоден рок.
Фудбалерите кои паднаа во немилост на Солари, Иско и Марсело ќе се вратат во првиот тим, додека во летниот преоден рок нема шанси да се тргне по Нејмар.
Петтото барање на Зидан било Хамес Родригез да не се враќа во Мадрид и доколку Баерн не го сака да му се најде друг клуб каде ќе ја продолжи кариерата, а како последен услов Зидан го поставил можниот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ, нешто што ќе е пеколно тешко за остварување.