Нетанјаху со јасна порака: Израел е држава на еврејскиот народ, а не на сите граѓани

Точка

11/03/2019

11:30

2.000

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не е земја на сите свои граѓани, туку само на еврејскиот народ.

Премиерот на Израел на тој начин реагираше на изјавата на актерката Ротем Села која на Инстаграм запраша „кога некој во оваа влада јавно ќе каже дека Израел е земја на сите граѓани“.

Нетанјаху порача дека сите граѓани во Израел, вклучувајќи ги и Арапите, имаат исти права, но алудираше на контроверзниот закон кој што беше усвоен минатата година, во кој е наведено дека Израел е национална држава на еврејскиот народ.

„Израел не е држава на сите негови граѓани. По основниот закон за националност кој што го усвоивме, Израел е национална држава на еврејскиот народ и само на еврејскиот народ“, порача Бенјамин Нетанјаху.

„Како што напишавте, нема проблем со арапските граѓани на Израел. Тие ги имаат истите права како и ние. Владата инвестираше во арапскиот сектор повеќе од било која претходна влада“, порача израелскиот премиер.

Инаку, Арапите сочинуваат околу 20% од деветмилионската популација на Израел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг