Готово е: Солскјер потврди дека неговиот договор со Молде и официјално е раскинат, следи…

Дерби

08/03/2019

14:44

1.914

Големина на фонт

а а а

На денешната прес конференција која Оле Гунар Солскјер ја одржа во пресрет на натпреварот со Арсенал пренесе и една вест која со сигурност ќе ги израдува фановите на Манчестер Јунајтед.

Норвежанецот потврди дека неговиот договор со тимот на Молде е раскинат, па сега неговото останување на „Олд Трафорд“ на перманентна основа е само прашање на денови.

Солскјер досега имаше двоен договор, нешто што е многу ретко кога во прашање се менаџерите на клубовите. Првично требаше да остане во Манчестер Јунајтед до крајот на мај како позајмен од Молде, а потоа да се врати во Норвешка.

Сепак, по неверојатниот старт на својата тренерска кариера на „Театарот на соништата“ работите добија нова димензија.

– Секако дека постоеше проблем со договорот. Не може да имаш два договори кога си менаџер, па токму затоа договорот со Молде е раскинат. Сега имам договор со Манчестер Јунајтед до крајот на јуни.

– Обожавам водејќи ги овие момци. Го обожавам времето тука. Го правам најдоброто што го знам секој можен ден. Дали и кога ќе биде донесена конечната одлука ќе видиме- коментираше Солскјер на денешната прес конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг