Таксист прободел навивач на Јунајтед во Париз

Точка

08/03/2019

09:08

1.522

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед направија голема сензација и го елиминираа париски ПСЖ од Лигата на шампионите.

Јунајтед славеше со 3:1 во Париз, меѓутоа синоќа од француската престолнина пристигна една непријатна вест.

Англиските медиуми пренесуваат дека еден наавивач на Манчестер Јунајтед се бори за живот откако бил прободен од таксист. Во такси возилото се возеле четворица навивачи на Јунајтед, при што 44-годишниот таксист прободел еден од навивачите на „Црвените Ѓаволи“ со нож и побегнал.

Од полицијата соопштија дека доцна синоќа бил уапсен таксистот, а навивачот итно бил пренесен во болница каде што бил опериран и докторите се борат за неговиот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг