„Трио фантастико“: Сликата на Солскјер по големиот триумф во Париз ги воодушеви фановите на Јунајтед

Дерби

07/03/2019

12:20

2.136

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер во ниту еден момент не се сомневаше дека Манчестер Јунајтед може да направи големо изненадување на гостувањето во Париз, а откако неговиот тим ги надмина сите прогнози на „Паркот на принцовите“, сосема очекувано е тоа што норвешкиот стручњак повторно е топ тема во англиската спортска јавност.

Драматичниот триумф од 1:3 во француската престолнина е уште посладок ако се знае дека Солскјер беше приморан во тимот да земе пет деца од академијата, па така, сите проблеми со повредените играчи западнаа во втор план. Пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите изгледаше како незамислива работа по крајот на првиот меч во Манчестер, но Солскјер и играчите на Јунајтед само докажаа дека не збореа на памет кога најавуваа дека одат по победа и големо изненадување во Париз.

Изминатава ноќ, Оле и сите играчи на Јунајтед имаа посебна поддршка од трибините во Сер Алекс Фергусон и Ерик Кантона, а токму со нив двајца Солскјер ја изрежира уникатната победничка слика со која ги воодушеви фановите на клубот од „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг