Тухел со еден куп пофални зборови за Солскјер пред реваншот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед

Дерби

06/03/2019

13:59

969

Големина на фонт

а а а

Тренерот на ПСЖ ги предупреди своите играчи дека мора да дадат 200% од своите можности доколку сакаат да го исфрлат Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.

Германскиот стратег истакна дека значаен фактор во играта на Манчестер Јунајтед е нивниот тренер Оле Гунар Солскјер кој успеал да го врати духот во соблекувалните.

И покрај предноста од 2:0 која ја носат од „Олд Трафорд“, Тухел е свесен дека духот кој го носи Солскјер со себе може да ги вивне фудбалерите на Манчестер Јунајтед кон ново чудо.

- Најдобро е секогаш да бидеме свесни за квалитетите на Оле Гунар Солскјер. Тој беше еден од клучните играчи во најсветлата ера на овој клуб. Оле беше подготвен да помогне 30, 20, 10 или пет минути. Тоа е духот на Манчестер Јунајтед, тие се подготвени на се.

- Манчестер Јунајтед е силен клуб со голема историја. Нормално е дека ние ќе го почитуваме нивниот квалитет. Ова ќе биде голем предизвик за нас, а резултатот од првиот натпревар ќе го оставиме настрана – заклучи Томас Тухел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг