Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Макфакс

22/02/2019

21:01

2.212

Големина на фонт

а а а

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која мерката притвор за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, се преиначува во мерка куќен притвор, а поранешниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенијата на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со кои им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска одржа јавна седница во присуство на странките.

По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, советот донесе решенија, со кои: жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 ст. 1 т. 1 и 2 од ЗКП, му се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично-правниот настан, без дозвола од судот“, се вели во соопштението.

Оттаму се додава дека жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг