Произведен 500.000-тиот Fiat Tipo

Точка

22/02/2019

16:09

2.476

Големина на фонт

а а а

500.000- тиот автомобил Fiat Tipo, е произведен како специјално јубилејно издание Tipo Sport во изведба со 5 врати, опремен со мотор 1.6 Multijet DCT со 120 КС, во фабриката во Бурса, Турција.

Доминира со впечатлива Passion црвена боја на каросеријата, во комбинација со контрастниот црн покрив и новиот амбиент на внатрешност Total Black.  

Ова достигнување го потврдува успехот на моделот кој е клучен играч во својот сегмент во Италија и е помеѓу првите 10 најбарани модели во четири европски земји. Воедно, автомобилот е и вториот најомилен автомобил од марката Fiat, со над 70% од примероците продадени надвор од Италија.

Доколку на бројот на произведени возила од претходниот модел, лансиран во 1988 година, се додадат и оние кои се денес на пазарот, вкупниот обем на производство достигнува број од 2.100.000 примероци. Во текот на производниот век, повеќе од триесет и една година, оваа бројка дава конкретен доказ за тоа колку потрошувачите ја ценат способноста на марката Fiat секогаш да понуди највисоко ниво на удобност и простор, по цена неспоредлива во својот сегмент. Како што вели и слоганот од последната реклама „Потребно е малку, за да добиете многу!“

Секое од 500.000-те возила Tipo, е како облека скроена по мерка, ги исполнува потребите за мобилност и одговара на вкусот на секој купувач.




Спонзорирани линкови

Маркетинг