Градежно чудо: Кога врне дожд по овој пат возат само најискусните

Точка

22/02/2019

15:43

3.255

Големина на фонт

а а а

Возењето низ Атлантерхавсвеин се претвара во вистинска игра со нервите кога ќе почне да врне дожд или кога Норвешкото море е немирно.

Алтантскиот пат во Норвешка е вистинско чудо создадено од градежниците. Овој 8,2 километри долг пат е дел од норвешкиот државен пат 64, а поврзува мнозинство на помали острови во округот Море ог Ромсдал на западот на земјата. 


Во рамките на патот постојат неколку насипи па дури и осум мостови, од кои најпопуларен е Сторсеисундет, кој се издигнува на 23 метри над морето. Но, дури тоа не е доволно да ги заштити автомобилите на патот од продирањето на вода кога има невреме.



Возењето по овој пат се претвара во вистинска игра со нервите, кога ќе започне да врне дожд или кога Норвешкото море е немирно. Не само што маглата и облаците што ја намалуваат видливоста на патот, туку на возачите им пречат и "водените завеси" кои изненадно се појавуваат на шофершајната.


Токму поради тоа овде возат само најискусните возачи со одлична координација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг