На пилот му било здодевно, па цртал пениси на небото: Радарите забележале чудно движење на авионот, а кога откриле што пишува...

Точка

22/02/2019

15:55

5.229

Големина на фонт

а а а

Некогаш и летањето, односно управувањето со авион може да биде здодевно, а тоа најдобро го потврди еден австралиски пилот за време на неговиот тест лет.

Мапата на неговиот лет ја забележале радарите и “FlightAware” кои што го следеле патувањето на неговиот авион, а два часа подоцна била забележана и порака која што пилотот успеал да ја напише „на небото“.

Пилотот напишал „Досадно ми е“, а покрај тоа, додека ги тестирал вештините со својот авион, тој нацртал и два пениси пред конечно да слета.

Пораката наводно била долга десетина километри, пренесуваат локалните медиуми кои што откриваат дека станува збор за „млад пилот“. Тој наводно бил задолжен за двочасовно тестирање на авион со еден пропелер кој бил подготвуван за продажба.

Од компанијата задолжена за тестирањето соопштиле дека мала е веројатноста дека пилотот ќе биде казнет, затоа што „очигледно е дека му било досадно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг