ГОБ „8 Септември“: На Јанакиески не му се констатирани повреди

Макфакс

21/02/2019

19:28

959

Големина на фонт

а а а

Од ГОБ „8 Септември“ попладнево преку сооопштение информираат дека ексминистерот Миле Јанакиески е примен кај нив по инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, меѓутоа не му биле констатирани телесни повреди.

„Во Градската општа болница ‘8 Септември’ – Скопје е примено лицето М.Ј., кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед, не се констатирани никакви телесни повреди“, се вели во соопштението од болницата.

Оттаму апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг