Исповед на девојка која на Закинтос останала без вид и бубрези: Се забавувала со пријателките, а потоа нејзиниот живот се претворил во кошмар

Точка

21/02/2019

19:36

6.227

Големина на фонт

а а а

Една забава со пријателките на грчкиот остров Закинтос завршила трагично за 23-годишната Хана Повел во август 2016 година. По една вечер во кафуле, каде пиела вотка, таа почувствувала слабост и повраќала, но потоа се покажало дека не станува збор за обичен мамурлак, туку за труење со метанол.

Хана сфатила дека нешто сериозно не е во ред дури откако се разбудила следното утро во хотелската соба. Таа мислела дека светлата во собата се исклучени, па ги замолила пријателките да ги тргнат завесите. Меѓутоа, една пријателка ѝ кажала дека завесите се отворени, а дотогаш ништо не ѝ било јасно. 

“Мислев дека се шегуваат, па станав и ги запалив светлата. Тогаш почнав да паничам бидејќи сфатив дека апсолутно ништо не гледам”, се присетила таа.

Девојката од Англија веднаш била пренесена во болница на островот. Тестовите во болница потврдиле дека Хана била затруена со метанол кој бил измешан во вотката. Нејзините пријателки кои ја пиеле истата вотка имале желудочни грчеви и мачнина, но без сериозни последици.

“Очигледно мафијата набавува метанол и потоа го продава на сопствениците на баровите за евтини пари, а тие го мешаат со алкохолот. Но, како клиент не чувствувате дека вотката Смирноф не е таа која што ја пишува на етикетата. Таквите пијалаци се точат во помала доза бидејќи концентрацијата на алкохол е поголема, но многу е опасна”, вели Повел.

По неколку недели таа се вратила дома, каде започнало навикнувањето на новиот живот. Поради откажување на бубрезите, Хана била 18 месеци подложена на дијализа, сѐ додека нејзината мајка не била спремна да ѝ го донира својот бубрег. Видот на 23-годишната девојка се подобрил, но таа сѐ уште гледа “многу замаглено”.

Од ваквиот немил настан поминале три години, а никој сѐ уште не одговарал за нејзината несреќа. Хана верува дека отровниот алкохол сѐ уште се продава на познатите туристички места како Закинтос. Таа секој ден учи да живее во темница бидејќи така веројатно ќе го помине и остатокот од животот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг