Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат околу 50 полицајци

Макфакс

21/02/2019

19:24

2.754

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред болницата „8-ми септември“, каде е хоспитслизиран екс-министерот, Миле Јанакиески рече дека денешниот ден е црн ден за демократијата.

Мицкоски на новинарско прашање одговори дека не му било допуштено да го посети Јанакиески, кој се наоѓа во болница по тепачката во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера му беше одреден 30 дневен притвор.

„Не ми дозволија да го видам Јанакиески. Дојде дежурниот доктор и кажа дека има повреди по телото. Станува збор за тешка ситуација пред вратата на Јанакиески. Педесет полицајци беа таму и јас со неколку луѓе. Директорот требаше да се јави кај Зоран Заев за да види што ќе каже. Денеска видивме дека затворениците немаат права и исто така се подложни на туртура“, рече Мицкоски, кој претходно беше сопрен од обезбедувањето кое му укажа дека за посетата треба да побара одобрение од судот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека случајот со тепачката во затворот ќе биде пријавен кај меѓународните фактори. Рече дека никој не ја признава грешката, туку ја правдаат со евтин „пи-ар“.

„Лудилото продолжува. Оваа криминална Влада го покажува вистинското лице. Денес се жртви Спире и Миле, а утре ке биде секој од вас. Ова е преседан, државата не успеа да ги заштити“, рече Мицкоски од пред болницата.

Тој побара одговорност да сносат премиерот Зоран Заев, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Треба да размислите што се случува во Македонија. Веднаш оставка од овие луѓе и предвремени избори. Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода што може да ги испере“, рече Мицкоски и додаде дека ако ова е животот што дошол во Македонија, да им служи на чест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг