Нашата прекрасна планета: Погледнете ги фантастичните фотографии кои НАСА ги направи од вселената

Точка

21/02/2019

16:40

3.067

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА објави книга составена од фотографии направени од сателитите – покрај издание за кое што се плаќа, постои и бесплатно издание.

Книгата на НАСА “Earth” е збирка на фотографии кои што во изминатите години и децении ги направиле разните сателити на американската вселенска агенција.

Достапна е во “Hard Copy” верзија за нешто помалку од 75 долари за ние кои што не живееме во Соединетите Американски Држави, како и во .pdf формат, како и .epub и .mobi, а можете бесплатно да го разгледате и онлајн изданието на овој ЛИНК.

Предноста на интернет изданието е во тоа што истата содржина се нуди со интерактивни елементи, а сето тоа е поделено во четири главни категории: Атмосфера, вода, земја и мраз и снег.

Секоја фотографија во одредена категорија има краток опис и линк преку кој можете да ја симнете фотографијата во висока резолуција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг