Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече американскиот медиум „Њујорк Тајмс“ – непријател на народот, откако беше објавена статија во која тој се обвинува за мешање во правосудството.
„Информациите на Њујорк тајмс се лажни“, порача американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер и додаде: „Тие се вистинскиот непријател на народот“, додаде тој, користејќи го изразот кој го употребуваше и претходно кога напаѓаше други американски медиуми кои го критикуваа.
Трамп говореше за статијата во „Њујорк Тајмс“ во која беа откриени низа на мерки наредени лично од Трамп со цел да се дискредитираат судските истраги против него.
The New York Times reporting is false. They are a true ENEMY OF THE PEOPLE!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 20, 2019
Како што пренецува „Њујорк Тајмс“, Доналд Трамп побарал од својот привремен министер за правосудство, Метју Витакер да стави на чело на истрагата обвинител кој ќе му биде приврзан.
Набрзо после жестоката реакција на Трамп, се огласи и првиот човек на „Њујорк Тајмс“, А.Г. Салсбергер кој што порача дека изразот „непријател на народот“, не само што е неточен, туку и опасен израз.
„Како што повеќе пати му имам кажано на претседателот Доналд Трамп, постојат се побројни најави дека таквата запалива реторика поттикнува закани и насилства кон новинарите во Соединетите Американски Држави, но и во светот“, објасни тој.
Доналд Трамп исто така го обвини „Њујорк Тајмс“ дека новинарите не му се ни јавиле да го прашаат за коментар во врска со статијата, нешто што веднаш беше отфрлено и демантирано од една од авторките на текстот, Меги Хаберман.