Гаши: Натпартиски кандидат е поприфатлив за нас

Макфакс

19/02/2019

17:10

1.128

Големина на фонт

а а а

„Натпартиска личност со интегритет, отколку партиски член е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса Алтернатива”, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот Зоран Заев.

Гаши вели тоа била личност која не давала несреќни изјави во минатото, односно изјави кои биле во навредлив контекст кон Албанците, затоа што тие ќе треба да го убедат гласачкото тело да гласаат за него.

,,За нас ова се критериумите до кои ќе се држиме. Пред се кандидатот треба да биде прифатлив за сите, пред се за Албанците, да има добро CV и да има добар рејтинг на анкетите. Сѐ уште немамe преговарано за конкретни предлози. Ова е прва средба на која се договоривме дека ја прифаќаме идејата за консензуален кандидат”, рече Гаши.

По објавувањето на предлогот од СДСМ, Беса Алтернатива ќе одржи внатрепартиски состанок, на кој ќе донесе одлука дали го поддржува или не.

Претходно Гаши изјави дека доколку пропадне шансата за консензуален кандидат,ќе преговараат со Алијанса за Албанците за заеднички настап, а доколку не се договорат и со нив,самостојно ќе настапат на изборите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг