Сведок на трагедијата: Седев зад Шабан, беше врзан со појасот, но го уби старата рана...

Точка

19/02/2019

23:33

18.261

Големина на фонт

а а а

Кумот на познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ, кој во неделата загина во сообраќајна несреќа во Германија, тврди дека пејачот бил врзан со појасот, но од ударот се отворила стара рана.

Кумот на загинатиот Шабан Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ, кој што се возел во истиот автомобил во моментот на несреќата, изјави за српски „Блиц“ дека пејачот бил врзан со појасот за време на возењето. Меѓутоа, тоа за жал не било доволно Шаулиќ да преживее, затоа што од силината на ударот, се отворила негова стара рана од операција која што ја направил пред три години.

„Слушнав од докторите дека му пукнала аортата која што ја оперирал и дека тие се обиделе да ја состават“, раскажува Стојадиновиќ.


Имено, Шабан Шаулиќ во 2016-та година во Италија ја оперирал аортата поради која имал сериозни здравстгвени проблеми. Стојадиновиќ открива дека во моментот на несреќата, седел зад Шабан и дека од ударот паднал во несвест.

„Седев зад Шабан. Беше врзан. Искрено, се плашам дека од силината на ударот ја повреди артеријата која ја оперираше. Срцето пукнало, тој имал срцев удар. Не можам добро да се сетам на се, затоа што бев во несвест“, изјави Стојадиновиќ и откри дека докторите не знаеле дека Шаулиќ имал операција на срцето.


Богдан Марката, менаџерот кој го организирал настапот на Шабан Шаулиќ во Германија, се огласи и откри што се случувало во болницата.

„Се обидоа да го вратат во живот, но не успеаа. Тој почина во болница како последица на срцев удар. Срцето го напушти. Во контакт сум со неговото семејство од Хамбург, ние сите сме тука. Беше како и секогаш расположен. За жал, таква е судбината“, изјави Марката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг