Дембеле објасни зошто Меси е идеален соиграч и партнер во нападот на Барселона

Дерби

18/02/2019

12:00

979

Големина на фонт

а а а

Младиот француски репрезентативец, Усман Дембеле кратко и јасно образложи зошто е идеално е да се има Лионел Меси за соиграч, односно за партнер во нападот во Барселона.

- Тој е одличен, го прави фудбалот многу полесен. Јас му ја давам топката и тој прави неверојатни работи. Кога е тој на теренот многу е полесно за напаѓачите, затоа што противниците претежно се фокусираат на него, - истакна Дембеле кој го искоментира следниот ривал на Барселона-тоа е францускиот прволигаш Лион во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Tие се тим со многу добри играчи и многу е тешко таму да се победи. Тие покажаа оваа сезона-победија против Сити и ПСЖ-ќе мораме да бидеме многу внимателни и да не мислиме дека натпреварот ќе биде лесен. Фекир кој е нивниот најдобар играч е суспендиран за првиот натпревар, но има и други играчи кои имаат одлични квалитети, а ние ќе мораме на сите. Ги гледам внимателно нивните натпревари во Лига 1 и играм заедно со некои од нивните играчи во францускиот национален тим како Фекир, Менди или Муса Дембеле. Тие се опасни насекаде низ теренот, - истакна брзоногиот Усман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг