Воз удри во карпа на пругата Кичево – Скопје, повредени нема

Макфакс

18/02/2019

11:00

1.404

Големина на фонт

а а а

Поради одрон на пругата кај Лакавица, изутринава патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје излетал од шините.

Според првичните информации, нема повредени патници. На местото на несреќата се упатила екипа која треба да го утврди оштетувањето на пругата.

Патничкиот воз удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта, Гостиварско. Во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг