Заев и Ахмети ги почнуваат разговорите за консензуален претседателски кандидат

Макфакс

18/02/2019

09:30

1.593

Големина на фонт

а а а

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба во врска со претстојните претседатели избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.

Во интервју за РТК по повод 11 годишнината од независноста на Косово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети зборуваше и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружил раката за соработка со Албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбија. 

,,Сега, јас ја испружив раката, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. Во понеделник ќе има средба на коалициските партнери. Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја за да се постигне договор, но ова зависи од страните кои ќе се сретнат во понеделник”, истакна Ахмети.

СДСМ и калиционите партнери на синоќешната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател, ,,во интерес на сите граѓани”. Како што соопшти партијата, ПЗаев, во име на Коалицијата, ќе ги продолжи консултациите со партиите од албанскиот блок во владината коалиција, како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, од власта и опозицијата, околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

Конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати за претседател на државата завршува утре. Конечната одлука кој ќе биде избран за претседателски кандидат од владејачката партија ќе биде донесена на партискиот конгрес на 3 март.

ВМРО-ДПМНЕ во саботата во Струга ја избра професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска Давкова за нивен претседателски кандидат. Претседателските избори ќе се одржат на 21 април годинава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг