Неколкумина повредени кај Ласкарци сѐ уште се борат за живот

Макфакс

17/02/2019

12:08

1.544

Големина на фонт

а а а

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти.

Од нив, 14 пациенти се стабилни и се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се на респираторна машина и се во животозагрозувачка состојба. Тројца пациенти се нестабилни, во тешка здравствена состојба под опсервација и мониторинг, соопшти Министерството за здравство.

Во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат 6 пациенти, од кои 4 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца се во стабилна здравствена состојба, додека пак другите двајца од нив се во критична состојба. Еден од пациентите се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна здравствена состојба, еден пациент од неврохирургија и една пациентка (трудницата) која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се исто така во стабилна здравствена состојба.

Во стабилна и во добра здравствената состојба е и пациентот кој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово.

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со што бројот на жртви се искачи на 15. Како што потврдуваат од Министерството за здравство, станува збор за 39-годишен маж којшто со тешки повреди беше задржан на лекување на КАРИЛ-Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг