Гвардиола ги подбра своите играчи и го посочи Јунајтед како пример кој не треба да го следат!

Дерби

17/02/2019

10:36

1.453

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити со два гола во самата завршница го откажа жилавиот Њупорт на денешниот меч во ФА купот, а со оглед на тоа што англискиот шампион мораше до самиот крај да игра максимално за да ја оствари победата против четвртолигашот, Пеп Гвардиола одлучи да испрати едно предупредување до своите ѕвезди.

Шпанецот очигледно почувствува одредена релаксација кај своите играчи, па по мечот им порача дека треба да научат од примерот на Манчестер Јунајтед, а воедно и да не го следат истиот пред дуелот со Шалке во Лигата на шампионите.

– Ние сме живи во четири натпреварувања, секој меч е комплетно поразличен од претходниот. Денес игравме со тим од Лига 2, а сега следна е Лигата на шампионите. Мора да се адаптираме и да го менуваме менталитетот за секој меч, мора да растеме како тим и да не ја правиме најголемата грешка. Не смееме да мислиме дека сме најдобри, дека сме подобри од секој противник. Тоа е голема грешка, гледате како сите велеа дека Јунајтед е феноменален, сите велеа дека е подобар од ПСЖ, а потоа видовме што им се случи. Мора да останеме мирни и да се подготвуваме максимално за секој меч. Никој нема да ни подари ништо, – заклучи Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг