Ѕвездата на ПСЖ донела одлука: Познат е клубот во кој ќе се пресели Рабио

Дерби

16/02/2019

17:40

2.990

Големина на фонт

а а а

Повремениот француски репрезентативец, Адриен Рабио донел одлука и знае во кој клуб ќе се пресели во наредната сезона, пренесуваат медиумите во Франција.

Добро е познато е дека Рабио не сакаше да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, па „светците“ се одлучија да го „исфрлат“ од првата екипа, односно играчот од средината на теренот повеќе не е во конкуренција за настап. Сепак Рабио ќе ги издржи овие неколку месеци по што од 1 јули ќе може да му се посвети на новиот проект, а тоа според „Ле Паризиен“ е Барселона.

Шпанскиот шампионт долго време го бркаше Адриен, меѓутоа не успеа да дојде до договор со ПСЖ, па работите некако стивнаа за да од јануари воопшто да не се збори за ова по трансферот на Френки Де Јонг од Ајакс на „Камп Ноу“. Сепак луѓе блиску до таборот на Рабио го увериле „Ле Паризиен“ дека фудбалерот сепак ќе заврши во Шпанија без разлика на доаѓањето на Де Јонг, односно дека најверојатно Иван Ракитиќ ќе си замине што е реална опција со оглед на тоа што каталонците не сакаат или не можат во овој момент да му понудат нов договор.

Од оваа вест изненадени се и добро информираните каталонски медиуми како „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, меѓутоа францускиот весник порачува дека веста е точна и дека наскоро и гореспоменатите медиуми ќе излезат, слушнат вести, детали на оваа тема.

Рабио има 23 години и досегашната кариера на сениорско ново има настапувано само за ПСЖ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг