Мадуро ја испраќа војската на границата со Колумбија: Ќе ги чекаме американските провокации!

Точка

16/02/2019

15:07

2.952

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела ја испрати војската на границата со Колумбија и порача – знаеме дека ќе има провокации, но ќе ја направиме границата мирна и безбедна!

Николас Мадуро порача дека венецуеланската армија ќе биде испратена на границата со Колумбија каде што нивните војници ќе бидат подготвени да им се спротистават на „провокациите“ кои што, како што тврди, ги подготвуваат Американците.

„Засилувањето на границата со Колумбија е потребно за границата да се направи безбедна, мирна и непробојна“, порача венецуеланскиот претседател Николас Мадуро.


Тој исто така нагласи дека распоредувањето на армијата ќе започне веднаш, а изјавата ја даде по завршувањето на големите воени вежби на армијата кои што траеа неколку дена.

„Дуке има планови против Венецуела во соработка со американските власти“, порача Мадуро, зборувајќи за колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез.


Од друга страна, претседателот на Колумбија деновиве се врати токму од Вашингтон каде што имаше средба со високи претставници на Белата куќа на која што двете страни разговарале за ситуацијата во Венецуела.

„Мораме да му дадеме на Гуаидо уште посилна поддршка во владеењето со Венецуела“, изјави Дуке, изразувајќи поддршка за Хуан Гуаидо, самопрогласениот привремен претседател на Венецуела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг