Три деца со сопствени пари купиле цвеќиња за Денот на вљубените за целата понежна половина во училиштето

Точка

16/02/2019

12:29

2.022

Големина на фонт

а а а

Три деца од училиштето “Summit Trail Middle School” во Канзас потрошиле повеќе од стотина долари од својот џепарлак за да купат цвеќе за Денот на вљубените за нивните 270 соученички и 70 женски членови на училишниот персонал.

Тројцата млади романтични момчиња – осмооделенецот Тристан Валентајн, седмооделенецот Кајан Рајс и шестооделенецот Линколн Холмс одлучиле да се здружат и да им подарат цвеќе на сите женски личности во училиштето. Тие го потрошиле сиот свој џепарлак за да не изостават ниту едно женско на тој посебен ден, пишува “Mirror”. 


Тристан изјавил дека сака секоја девојка да се “чувствува важно” за Денот на вљубените.

“Се трудевме ова да биде едно убаво изненадување за сите. Нашата тајна им ја кажавме само на најблиските пријатели за кои бевме сигурни дека нема да ја откријат. Кога им подаривме цвеќе на нашите соученички, тие беа среќни и задоволни”, вели тој. 

Неговиот другар Кајан одлучил да донира 100 долари кои ги заработил како фудбалски судија, а откако го разработиле планот, Тристан и неговата мајка отишле да купат цвеќиња. Трите момчиња застанале пред училишниот влез и им делеле цвеќиња на соученичките и сите жени кои влегувале во зградата.


Ваквиот гест го пофалила и директорката на училиштето, Сара Гуереро.

“Дамите денеска беа многу возбудени. Со овој чин, тие направија девојките и жените да се чувствуваат убаво и сакано. Тоа е она што го прави ова училиште посебно. Горда сум на момчињата, но и на нивните родители кои ги поддржале”, изјавила Гуереро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг