Трамп прогласи вонредна состојба во Америка: “Криминалци и банди нѝ дојдоа во државата, а тоа е затоа што немаме ѕид на границата”

Точка

15/02/2019

18:55

3.635

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД.

Со овој потег тој има намера да го заобиколи процесот на одлучување во Конгресот кој според американскиот Устав ги распоредува буџетските средства, па можеби ќе успее да ги пронајде и потребните средства за да изгради свој ѕид на границата со Мексико. 

Трамп вели дека за ѕидот треба да се повлечат средства од министерството за одбрана.

“Документот е потпишан. И ќе ги потпишам завршните документи штом влезам во Овалната соба. Имаме итна ситуација на национално ниво”, најавил Трамп.

Претседателот веќе некое време размислувал за прогласување на вонредна состојба. Трамп и претходно зборувал за можноста за прогласување на вонредна состојба и тоа во неколку наврати додека траела блокадата на владата.

Прогласувањето на вонредна состојба, претседателот на САД го гледа како начин за пронаоѓање на средства со кои ќе се плати изградбата на ѕидот на границата со Мексико, кој тој ја ветуваше за време на предизборната кампања. Состојбата на јужноамериканската граница ја опишува како криза и сака да подигне ѕид за да ја спречи масовната илегална имиграција и влезот на дрогата и криминалците во Америка.

Низ двата дома на Конгресот доцна синоќа и утринава по европско време мина двопартискиот компромисен закон за финансирањето на сојузната влада. Тој закон ќе обезбеди над 300 милијарди долари за министерството за државна безбедност и низа други агенции до 30-ти септември, крајот на тековната буџетска година. Со тоа ќе се спречи нова блокада на владата.

Истиот закон за ѕидот на Трамп предвидува 1,27 милијарди долари за изградба на истиот. Трамп за ѕид каков што тој планира да се изгради му се потребни речиси шест милијарди долари.

Тој закон треба да го потпише и претседателот, а синоќа Белата куќа најави дека покрај него ќе потпише и декларација за прогласување вонредна состојба во САД. Бидејќи гласањата во Конгресот беа одржани доцна синоќа, Трамповото потпишување на законот и декларацијата за вонредна состојба беа одложени за денеска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг