Google ќе претстави нов паметен часовник, камера, звучник и поевтин Pixel 3?

Точка

15/02/2019

14:51

1.911

Големина на фонт

а а а

Од технолошкиот гигант Google наскоро би можеле да претстават нов паметен часовник со оперативниот систем Wear, паметен звучник Home, камера Nest и поевтина верзија на паметниот телефон Pixel.

За паметниот часовник на Google веќе подолго време се шират гласини. Наводно од Google веќе ѝ платиле на компанијата Fossil 40 милиони долари за технологија поврзана со паметните часовници, со што на некој начин тоа значи дека Google се подготвува за нешто посериозна трка со паметните часовници на Apple.

Звучникот Home би требало да биде надограден и освежен. Можно е да станува збор за сосема нов модел, иако поголема е веројатноста актуелниот модел да добие освежување и нови можности.


Кон крајот на минатата година се појавија и гласини според кои Google би можеле да го ребрендираат Nest со цел полесно да ги продаваат безбедносните уреди покрај производите од линијата Home. Сега се нагаѓа дека до крајот на годината на пазарот од Google би можеле да претстават и нова безбедносна камера.

За крај, голема е веројатноста наскоро да видиме ново издание на паметниот телефон од серијата Pixel кој ќе биде поевтин од iPhone XR.

Почетната цена на помалиот Pixel 3 моментално е 799 долари, па, како што пренесува Android Authority, не е незамисливо Google да претстави нова верзија која што би можела да се продава и по цена пониска од 749 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг