По победата над Рапид: Спалети во една реченица објасни зошто Хандановиќ е подобар капитен од Икарди

Дерби

15/02/2019

12:40

1.063

Големина на фонт

а а а

Интер успеа да победи со 0:1 на гостувањето во Австрија кај виенски Рапид, па на тој начин за момент фановите на клубот од Милано заборавија на фудбалскиот земјотрес со кој беше испратен тимот на овој натпревар во Лига Европа.

Во текот на средата, Мауро Икарди ја загуби капитенската лента и потоа самоволно одлучи да не отпатува во Виена во знак на протест, па во ситуација кога сите очекуваат да видат каква разврска ќе има оваа проблематична ситуација, Лучијано Спалети излезе со интересна изјава по крајот на мечот со Рапид.

Искусниот стручњак истакна дека очекува професионален одговор од Мауро во наредните неколку дена, но исто така на пресот во една реченица објасни зошто Самир Хандановиќ е подобар капитен од напаѓачот.

– Хандановиќ е многу сакан во соблекувалната и веќе има вакво искуство во минатото, нешто што на некој начин важеше и за Икарди. Сепак, кога е карактерот во прашање, Хандановиќ има многу поголемо искуство и има многу поголем потенцијал да биде капитен од Мауро, – без влакна на јазикот заклучи Спалети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг