Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Макфакс

15/02/2019

11:46

1.110

Големина на фонт

а а а

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.

„И натаму се прават конзилијарни консултации, но нивната состојба е тешка и критична“, рече Хасани.

Директорот на клиниките рече дека едниот пациент е префрлен од КАРИЛ на трауматологија, другиот е префрелен на неврохирургија, пациентот од болницата од Тетово е префрлен на торакална хирургија, а трдуницата се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Директорот на ГОБ „Осми септември“, пак, Христијан Костов, рече дека синоќа биле оперирани двајца пациенти со стомачни повреди. На интензивна нега се 5 луѓе. Двајцата од нив се со повреди на мозокот и се на механичка вентилација. Министерот за здравство Венко Филипче попладнево ќе ги посети пациентите во градската општа болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг