Трамп се подготвува за „екстремна“ одлука: Ќе прогласи вондредна состојба за да го изгради ѕидот!

Точка

15/02/2019

09:30

1.557

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише закон за безбедност на границите со цел да избегне уште една блокада на работата на владата, но исто така и ќе прогласи вондредна состојба за да ги добие средствата за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

„Претседателот Трамп ќе го потпише законот за финансирање на владата, и како што најави претходно, тој ќе прогласи национална вондредна состојба за да обезбеди прекин на националната безбедносна и хуманитарна криза на границата“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

„Претседателот уште еднаш ќе ги исполни своите ветувања и ќе го изгради ѕидот, за да ја заштити границата и да ја обезбеди нашата прекрасна земја“, порача Сандерс во соопштението.


Американскиот претседател состојбата на јужната американска граница ја опишува како криза и сака да го подигне ѕидот за да спречи масовна илегална имиграција и влегување на дрога и криминалци на територијата на Соединетите Американски Држави.

Од администрацијата на Трамп најавија дека би можеле да ги искористат овластувањата со прогласување на вондредна состојба, со што Трамп ќе може да ги пренасочи парите кои што Конгресот ги има определено за други цели, во плаќање за изградбата на ѕидот на американско-мексиканската граница.


Трамп предизвика 35-дневна блокада на околу една четвртина на сојузната влада со своето барање од декември за обезбедување на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот. Сепак, со кратењето на тие пари, Демократите од Конгресот го спречија Трамп досега да го исполни едно од клучните ветувања од кампањата во 2016-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг