Таравари ги посети повредените пациенти во 8-ми Септември, тројца се во животна опасност

Макфакс

14/02/2019

19:32

2.243

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва ги посети повредените пацинети кои се сместени во болницата 8 ми Септември.

„Повеќето од пациентите се во добра состојба, само тројца од нив во моментов се во критична состојба. Некој од пациентите се многу добро и се надевам за брзо време ќе бидат пуштени на домашно лекување,“ изјави Таравари.

Тој рече дека Општината и Советот ќе разговараат за да видат како да им помогнат на семејствата, и додаде дека ова е најлошата несреќа досега.

Утринава пак на комеморативната седница за загинатите во сообраќајната несераќа, Таравари изрази надеж дека граѓаните ќе извлечат поука од оваа трагедија дека треба да живееме и да се почитуваме едни со други. Тој изрази и благодарност до државните и приватните институции и селаните, што помогнале во моментот.

„Денес е ден на жалост, им се искажува почит на загинатите. Мое длабоко сочуство до семејството. Ова досега е најтежок говор. 14 човечки животи, 14 прекинати приказни. Тие се враќаа дома во нашиот Гостивар, но не било пишано. Тоа е божјата волја“, рече Таравари и додаде дека ова е еден од најстрашните моменти во историјата на градот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг