Се огласи поранешниот агент на Икарди: Знаев дека ќе дојде до ова, најлошото допрва доаѓа

Дерби

14/02/2019

17:16

2.050

Големина на фонт

а а а

Абиан Морано беше клучниот човек за напредокот на Мауро Икарди работејќи како негов агент пред Аргентинецот да ја избере сопругата, Ванда Нара да раководи со неговата кариера.

Морано беше со Икарди кога сега веќе поранешниот капитен на Интер играше во Аргентина и Барселона, и подоцна кога направи трансфер во Серија А во тимовите на Сампдорија и Интер.

Икарди сега се соочува со најтешките моменти во кариерата откако од Интер одлучија да му ја одземат капитенската лента и да му ја доделат на Самир Хандановиќ.

Во интервју за „Калчомеркато“, Абиан Морано зборуваше за неговиот поранешен клиент и истакна дека најлошото допрва доаѓа.

- Мауро го промени начинот на мислење, тој сега поинаку гледа на работите и ваквиот потег на Интер беше сосема очигледен. Очекував ова да се случи, а верувајте дека најлошото допрва ќе дојде. Од Интер се однесуваат логично гледајќи како дејствуваше агентот на Икарди.

- Мауро е роден победник, сакаше да победува уште од дете. Дали би продолжил со Интер? –Се може да се случи, но во овој момент од клубот реагираа паметно затоа што се заморија од непрофесионалните игри и објави на неговиот агент.

- Мојот однос со Икарди? –Јас веќе не му сум пријател, тој ми го покажа тоа кога Ванда пристигна. Мислам дека тоа што ја избра неа влијаеше на неговата кариера. Тој добиваше мои совети од негова 13 годишна возраст, а со мене пристигна во Барселона и Интер. Останатото е историја- заклучи Марано кој е видно разочаран од односот на аргентинскиот напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг