Американски сенатор се закани: Ќе ја нападнеме Венецуела ако Русите само помислат да воспостават воена база!

Точка

14/02/2019

15:58

2.881

Големина на фонт

а а а

Американски сенатор порача дека САД ќе мора да интервенираат со својата армија во Венецуела доколку Русија се обиде во оваа јужноамериканска земја да воспостави воена база и нагласи – тоа е наша хемисфера!

Шефот на американскиот Совет за воена служба, сенаторот Џим Инхоф порача дека американската армија можеби ќе мора да интервенира во Венецуела доколку Русија се осуди да воспостави своја воена база, нагласуваќи: „Тоа е наша хемисфера!“.

Републиканскиот сенатор во разговор со новинарите за можноста Русија да воспостави воена база во Венецуела истакна дека постои голема можност.

„Да, тоа би можело да се случи. Долу на власт имате човек кој што ги убива сите. Може да одлучи Русија да воспостави воена база и така да добие присутност во нашата хемисфера. Доколку дојде до тоа, ќе мора да интервенираме со нашата војска за да го сопреме тоа. Ќе ги употребиме сите мерки кои ги имаме на располагање“, изјави Инхоф.


Засега ситуацијата во Венецуела и натаму е статус кво, претседателот Николас Мадуро и натаму ја држи власта и контролата над војската, додека пак истовремено, самопрогласениот претседател на државата, Хуан Гуаидо тврди дека размислува да ги повика Американците воено да интервенираат и да спречат крвопролевање во Венецуела.

Гуаидо веднаш го признаа САД и Канада, а примерот го следеа речиси сите јужноамерикански земји, повеќето земји од Европската унија, а Гуаидо беше признат за легитимен претседател на Венецуела и од страна на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг