Таравари на комеморацијата по несреќата: Ова е најтешкиот говор во мојот живот

Макфакс

14/02/2019

12:47

3.175

Големина на фонт

а а а

Болката останува кај сите нас. Тешко е да се контролира, особено за мајките, татковците и роднините, рече денска на комеморативната седница за загинатите во сообраќајната несераќа, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој изрази надеж дека граѓаните ќе извлечат поука од оваа трагедија дека треба да живееме и да се почитуваме едни со други.

„Се надеваме дека загинатите се на подобро место, во рацете на господ. Дај боже никогаш да не се повтори. Животот е краток. Се надевам дека тие се поблиску до Господ“, истакна гостиварскиот градоначалник на комеморативната седница.

Тој изрази благодарност до државните и приватните институции и селаните, што помогнале во моментот.

„Денес е ден на жалост, им се искажува почит на загинатите. Мое длабоко сочуство до семејството. Ова досега е најтежок говор. 14 човечки животи, 14 прекинати приказни. Тие се враќаа дома во нашиот Гостивар, но не било пишано. Тоа е божјата волја“, рече Таравари и додаде дека ова е еден од најстрашните моменти во историјата на градот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг