Помпео: На Блискиот Исток не е можен мир без да му се спротивставиме на Иран

Макфакс

14/02/2019

12:18

920

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска на конференција во Варшава, го означи Иран како главна закана за Блискиот Исток, велејќи дека спротивставувањето на оваа земја е клуч за постигнување на мир во целиот регион.

„Не можете да постигнете мир и стабилност на Блискиот исток без спротивставување со Иран. Тоа едноставно не е можно“, рече Помпео.

Иран, како што пренесе агенцијата АП, го осуди одржувањето на собирот, нарекувајќи го американски анти-ирански циркус.

Русија рече дека нема да присуствува на конференцијата, која, според американската агенција, ја „прескокнала“ и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Ројтерс“ соопшти дека Помпео повикал на нова ера на соработка во решавањето на предизвиците на Блискиот Исток, истакнувајќи дека ниту една земја не може да остане настрана од тој процес.

На конференцијата официјално наречена Министерска програма за промоција на иднината на мирот и безбедноста на Блискиот Исток, присуствуваат и претставници на десетина арапски држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг