Цела ноќ местото на несреќата го обезбедувала полиција

Макфакс

14/02/2019

10:46

2.470

Големина на фонт

а а а

Утрово во 8.30 минути продолжи увидот на јавен обвинтел од скопското јавно обвинителство на местото на несреќата на патот Скопје – Тетово, кај местото Ласкарци, потврди шефот на Обвинителството за „Макфакс“, Сашо Рајчев.

Доцна синоќа до 22 часот траел увидот на екипа од Обвинителството, а местото цела ноќ го обезбедувала полицијата. „Цела ноќ местото го обезбедуваше МВР, а преку ден се собираат сите потребни и релевантни докази за истрагата“, рече Рајчев кој го координира увидот на обвинителството на самото место.

Шефот на скопското обвинителство рече дека сè уште ги очекуваат податоците од наредбата за испитување на крвта и урината на шоферот на автобусот. Официјално досега во сообраќајната несреќа загинаа 14 лица, уште неколкумина се борат за живот во болниците во Скопје.

Несреќата се случи вчера попладне кога автобусот на „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблички преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг